ВИДЕО: Македонија очекува ЕУ да го испорача ветеното

Фото: Влада на РСМ

Европа сега е исправена пред сериозен одговор, какви европски вредности и какви пораки ќе испрати и кон граѓаните на Северна Македонија, но и према Западен Балкан, но и за самите свои граѓани во ЕУ. Ние покажавме успешност во реформите. Сега се работи на следен чекор а тоа е правата меѓувладина конференција, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

– Затоа што ако некој заслужил, ако некој најмногу чекал, ако некој покажал европски манири и вредности и постигнал сериозни билатерални договори, успеал сто проценти во реформите, конечно во март 2020 година сто отсто беа потврдени успешноста во реформите од сите 27 земји членки. Сега се работи за следниот чекор прва меѓувладина конференција и верувам дека тоа Европа ни го должи и Европа ќе го направи како исчекор, рече Заев.

Во однос на тоа дали С. Македонија и Албанија треба да одат заедно на патот кон ЕУ, Заев рече дека сака Албанија како наш сосед да оди заедно со нас, треба да се движиме заедно, меѓусебно ќе си помагаме во целиот овој процес и, вели, не очекува ништо помалку од тоа за нашите граѓани затоа што нашиот народ заслужил и очекува Европа да биде европска и да испорача европски онака како што личи.

Во однос на разговорите за решавањето на прашањето со Бугарија, Заев истакна дека не губи надеж дека и со техничка или времена влада може да продолжат разговорите.

– Бугарија веќе објавува дека во јули ќе оди на избори, ќе донесат одлука. Прво, според мене државите разговараат. Прво, постои претседател во Бугарија, постои претседател во Северна Македонија. Веројатно владата работи со фул мандат и во Бугарија како што работи и нашата влада. Се работи за делот којшто се разговара на европско ниво и делот на билатерално ниво. Ако не сме до крај подготвени политички од страна на Бугарија за билатерално ниво можеме билатералните разговори да продолжат некаде кога ќе има политичка влада. Но, сега европскиот дел можеме и сега да го решиме, додаде премиерот Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот