ВИДЕО: Македонија нема пораз во досегашните натпревари против Азербејџан

В недела (20 ноември) од 14.00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ – Скопје македонската А репрезентација ќе одигра пријателски натпревар против Азербејџан. Повеќе за влезниците за овој контролен дуел ТУКА
После ремито со Финска во главниот град, избраниците на селекторот Благоја Милевски ќе имаат уште еден тест како подготовка пред квалификациите за ЕП 2024 кои ќе стартуваат во март следната година.
Македонија нема пораз во досегашните шест мечеви против селекцијата на Азербејџан. Имаме учинок од три победи, а трипати ремизиравме.
Последниот меѓусебен меч се играше во Анталија (Турција) на 27 март 2018 година кога двете селекции ремизираа 1:1. Тогаш ривалите поведоа уште во шестата минута преку Алмеида од пенал, а на ист начин возвративме преку Трајковски во 22 минута.
Потсетување дека Трајковски поради повреда е надвор од составот на македонската фудбалска репрезентација, како и М. Ристовски, а дополнително се повикани Мирчевски и Дор. Бабунски.
Квалификации СП 2002 6 октомври 2000 Македонија – Азербејџан 3:0
Квалификации СП 2002 5 септември 2001 Азербејџан – Македонија 1:1
Пријателска 29 мај 2010 Азербејџан – Македонија 0:0
Пријателска 10 август 2011 Азербејџан – Македонија 0:1
Пријателска 29 мај 2016 Македонија – Азербејџан 3:1
Пријателска 27 март 2018 Азербејџан – Македонија 1:1