ФОТО | Македонија не блескаше, но ја победи Малта

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Maкедонската фудбалска репрезентација вечерва го одигра натпреварот против Малта во квалификациите за Европското првенство во кој со головите во второто полувреме забележа победа од 2:1.

Ја прифативме улогата на фаворит, но сепак тоа требаше да се докаже и на теренот, такви беа пораките пред натпреварот од нашиот табор. Првите 20-тина минути од натпреварот поминаа без посериозни шанси. Топката беше во наш посед, но изостануваа оние 100% прилики за гол.

Најсериозната закана ако може да се каже најсериозна беше по еден корнер со удар со глава, Елмас на двапати се доближи до шеснаесетникот со опасен напад, но остана без завршница.

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Се играше 35-тата минута кога Алиоски нафрли, а Бојан Миовски иако беше во добра позиција, сепак не ја зафати топката најдобро со глава. Повторно Миовски се најде во прилика по нафрлување на четири минути пред крајот на полувремето, но и тоа помина безопасно.

Иста слика на теренот гледавме и по првите 15 минути од вториот дел, тогаш Барди по еден час игра го упати првиот удар во рамките од голот. Во таа ситуација беше досуден пенал за Македонија, но по реакција на ВАР истиот се поништи.

Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Конечно отпорот на Малта го скршивме во 66-та минута со голот на Елмас, а по тој момент нашата игра изгледаше полесно. Нововлезниот Дарко Чурлинов шест минути подоцна постигна нов гол за веќе сигурна предност на Македонија.

По една конфузија во нашата одбрана Јаник Јанка во 84-тата минута го постигна утешниот гол за Малта и така го постави конечниот резултат.

Фото: Драган Митрески / Слободен печат
Фото: Драган Митрески / Слободен печат
Фото: Драган Митрески / Слободен печат
Фото: Драган Митрески / Слободен печат

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот