ВИДЕО | Македонија ќе настапи во второто полуфинале на Евровизија 2022

Евровизија/Printscreen/Youtube
Евровизија/Printscreen/Youtube

Организаторите на Евросонг вчера преку пренос во живо, со ждрепка извлекоа кои земји ќе се најдат во листата на настапи на првото полуфинале, а кои на второто.

Македонија го доби второто полуфинале за настап на Евровизија, која ќе се одржи во Торино во мај 2022.

Во изборот на првата полуфинална вечер влегуваат земјите:

Албанија, Латвија, Швајцарија, Словенија, Бугарија, Молдавија, Украина, Литванија, Холандија, Норвешка, Русија, Португалија, Данска, Ерменија, Австрија, Хрватска, Исланд и Грција.

Во изборот на втората полуфинална вечер ќе настапи македонскиот претставник, а влегуваат земјите:

Австралија, Грузија, Кипар, Србија, Финска, Азербејџан, Сан Марино, Израел, Малта, Црна Гора, Романија, Чешка, Полска, Белгија, Естонија и Ирска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот