ВИДЕО: Македонија има една победа против Русија на Мундијалите!

Фото: EPA/ANTONIO BAT

Денеска од 15.30 часот нашата најдобра репрезентација ќе го има и вториот натпревар од главната фаза на Светското првенство во Египет, противник е селекцијата на Русија која поради суспензијата од Светската анти допинг агенција, на овој Мундијал настапува под името Руска ракометна федерација (РХФ).

После убедливиот пораз од Словенија, избраниците на селекторот Данило Брестовац ќе се обидат да изненадат и бркаат што подобар пласман на ова СП. За два дена ја завршуваме главната фаза против Белорусите (15.30 часот).

– Овие натпревари ќе бидат тешки, но ќе го дадеме максимумот во обид да направиме неколку изненадувања – вели голманот на македонската репрезентација, Мартин Томовски.

Од друга страна Русите и покрај поразот од Египет, со триумф против нас ќе ги одржуваат и натаму шансите за учество во четвртфиналето.

– Ќе се бориме за победа во секој меч. Го анализиравме дуелот со Египќаните, ги видовме грешките и сега гледаме напред – вели селекторот на руските ракометари, Велимир Петковиќ.

Во минатото на светските шампионати трипати се сретнале Македонија и Русија, во 2009 година остваривме победа во Вараждин (Хрватска) со 36:30, потоа во 2013 година во Севиља (Шпанија) ремизиравме 29:29, а во 2019 година во Келн (Германија) во борбата за пласман од 13-16 место загубивме со 30:28.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот