ВИДЕО: Македонија добива супер напаѓач, Миовски втор стрелец во Унгарија!

Станува за уште еден перспективен македонски напаѓач, Бојан Миовски/Фото: facebook.com/MTKBudapest

Бојан Миовски кој моментно ги брани боите на младата У21 репрезентација на Македонија сезонава е во одлична голгетерска форма во најсилното унгарско првенство.

21-годишниот напаѓач (роден во Штип) денеска придонесе со еден погодок во домашната победа на неговиот клуб МТК против МОЛ Фехервар 3:1.

За гостинскиот состав настапија и двајцата играчи од сениорската селекција, Висар Муслиу го одигра целиот меч, а стартер беше Бобан Николов кој играше до 56 минута од средбата.

За Миовски ова е вкупно пет погодок (од седум настапи) и моментно е на делба на второто место најдобри стрелци во тамошниот шампионат. Претходно имаше два гола во триумфот над Ујпешт (4:0), и по еден против Будафоки МТЕ (1:2) и Пушкаш (3:0).

Пред да се пресели во Унгарија во нашата земја ги бранеше боите на Брегалница, Работнички, Македонија ЃП и Ренова.


Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот