ВИДЕО: Македонецот пред Ландин, Митревски повторно со најдобрата одбрана во ЛШ!

Второ коло по ред Никола Митревски ја има најдобрата одбрана во Лигата на шампионите, уште еднаш нашиот чувар на мрежата докажа дека сезонава е во одлична форма.

Македонскиот репрезентативен голман блескаше и на дуелот против Вардар 1961 во Скопје со 11 одбрани, а Европската ракометна федерација го одвои моментот кога двапати за нецели две секунди го запре Ловро Јотиќ, играчот на „црвено-црните“.

Имаше клучен придонес во ремито на неговиот клуб од Португалија, Порто, кој можеше дури и да си замине со двата бода од ова гостување.

Во претходниот меч во ЛШ Митревски забележа 15 одбрани против Пик Сегед и беше прогласен за МВП.

Во изборот на ЕХФ се наоѓаат уште Иван Пешиќ (Мешков Брест), Филип Ивиќ (Целје Пивоварна Лашко), Никлас Ландин (Кил) и Торбјорн Бергеруд (Флензбург).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот