ВИДЕО: Македонецот растура во Кипар, Тричковски со нови два гола за АЕК Ларнака

фото: EPA-EFE/WALTER BIERI

Денеска во седмото коло од најсилното кипарско првенство составот на АЕК Ларнака триумфираше дома над Ол. Никозија со 4:2.

Тоа беше вкупно четврта победа, трета во низа за АЕК Ларнака за моментно четврто место со 13 бодови, четири помалку од водечкиот Пафос.

Во триумфот придонесе поранешниот македонски репрезентативец Иван Тричковски со два погодоци.

Своите голови нашиот напаѓач ги реализираше во 44 минута и во судиското надополнување од второто полувреме (90+5`).

Сезонава имаше уште два гола, по еден во победите над Арис Лимасол и Анортозис, реализирани овој месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот