ВИДЕО | Македонци го продуцираа новиот спот на светски познатиот Ед Ширан: Работеле и со Аријана Гранде, Ники Минаж, Карди Би и други светски артисти

Фото: 351 Студио

Македонска компанија го продуцираше новото официјално анимирано видео за Ед Ширан. Пејачот го сподели видеото на својот инстаграм – профил и за само неколку дена има над 600 000 прегледи.

Ед Ширан на неговата Фејсбук страница премиерно ја објави стрип – анимацијата за својот последен хит „Bad habits“ зад која во целост стојат македонските креативци од „351 Студио“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Sheeran (@teddysphotos)

Изработено во стилот на стриповите од 60 – тите и 70- тите години, видеото доби одлични критики од фановите на Ед Ширан. По официјалната премиера на Фејсбук, видеото е веќе достапно и на Youtube каналот на пејачот како и на останатите социјални мрежи и платформи за видео содржини.

Фото: 351 Студио

Продукцијата на видеото на Ед Ширан е само продолжување на успешната соработка која 351 Студио ја има со најголемите светски музички имиња како Бруно Марс, Карди Б, Виз Калифа, Мигос, Клин Бандит, 21 Пилотс, Тиесто, Аријана Гранде, Зејн, Ники Минаж најголемите светски издавачки куќи „Warner Music“, „Universal Music“, „Sony Music“ и нивните лејблови „Atlantic Records,“ „Capitol Records“, „Def Jam“, „Columbia Records“, „Ultra“, „Spinnin Records“, „Armada Music“… Во своите 6 години постоење, „351 Студио“ кое е дел од македонската компанија „Скај Ај Ентертејмент“ има изработено повеќе од 2300 видеа, зад кои стојат потписите на 30тина млади креативци од нашата земја.

Фото: 351 Студио

Инаку, синглот „Bad habits“ беше официјално објавен на 25ти јуни, а повеќе од два месеци е на број еден на британската топ листа и на врвот на речиси сите топ листи ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот