фото: EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

ВИДЕО | Мајсторија на Суле од слободен удар за три бода на Рома

Фудбалерите на Рома на гости ја совладаа Парма со резултат 1:0 во натпреварот од 25 коло во Серија А.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Аргентинецот Матијас Суле од слободен удар во 33 минута.

Претходно домашниот играч Џовани Леони доби директен црвен картон за прекршокот врз Суле.

Судијата првично досуди пенал бидејќи се чинеше дека контактот се случил во шеснаесетникот, но ВАР ја поништи судиската одлука и Рома доби слободен удар веднаш надвор од шеснаесетникот.

Рома после 10 триумф сезонава во италијанскиот шампионат е на деветтата позиција со 37 бодови, додека Парма после 13 пораз е на 18 место со 20 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот