ВИДЕО: Мајсторија на Депај во триумфот на Барселона над Штутгарт

Мемфис Депај по само една година може да си замине од Барселона/ фото: EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Екипата на Барселона продолжува со контролните натпревари пред стартот на сезоната во Ла Лига, а според прикажаните игри навивачите имаат причини за задоволство. Посебно, кога станува збор за Мемфис Депај кој пристигна во летниот преоден рок и веќе постигна два гола.

Холанѓанецот беше стрелец за Барселона во победата од 3:1 над Џирона, а денеска о постигна првиот гол на наптреварот против Штутгарт кој заврши со убедлив триумф на каталонците од 3:0.

Останатите два гола ги постигнаа Јусуф Демир и Рики Пуџ.
Барселона до стартот на сезоната во Ла Лига кој е закажан за 15 август ќе одигра уште два контролни натпревари и тоа против Салцбург и Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот