ВИДЕО: Мајнц ја понижи Херта, Модесте во 95. минута му донесе триумф на Келн

Фудбалерите на Келн до трите бода дојдоа во судиското продолжение/фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Фудбалерите на Мајнц остварија убедлив триумф од 4:0 над Херта во 16 коло од Бундеслигата.
Гол серијата на домашниот тим ја отвори Сунг Ли во 19 минута, а во финишот од првиот дел, Хак ја удвои предноста на домашниот тим.


Во вториот дел домашните фудбалери постигнаа уште два гола, преку Видмер и Боетиус за убедлив триумф од 4:0.

Арминија рутински со 2:0 го совлада Бохум со голови постигнати во вториот дел. Окугава во 51 минута го отвори резултатот, а победата на Арминија ја завери Вимер.

Келн од гостувањето кај Волфсбург се враќа со три бода благодарение на триумфот од 2:3 кој беше обезбеден во судиското продолжение. Херој на Келн беше Модесте кој победничкиот гол го постигна во 95 минута.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот