ВИДЕО | Мајка сподели генијален трик: Кажете му збогум на пеглањето алишта

Instagram

Eдна мајка го сподели својот „генијален“ спреј со помош на кој, како што вели никогаш повеќе не мора да се мачи да ги пегла алиштата.

Шантел Мила вели дека спрејот за пеглање алишта со три состојки кои ги имате дома, ги отстранува наборите од облеката за само пет минути. Шантел објасни дека засекогаш се ослободила од пеглата откако го направила овој спреј.

За да го направите овој спреј дома, потребни ви се две чаши вода, една лажица бел оцет (кој ја омекнува облеката) и една лажица регенератор за коса. Ги мешате состојките во шише и потоа ја прскате згужваната облеката.

На видеото кое го објави на својот инстаграм-профил,  се гледа дека крајниот резултат е облека која изгледа како да е испеглана.

Овој спреј е одличен запатувања или за оние бурни утра кога брзате и немате време за пеглање. Едноставно испрскајте ја облеката, измазнете и оставете да делува пет минути и веќе нема набори. Го испробав и на светла и на темна облека – функционира“, напиша Шантел.

Откако го сподели видеото со нејзините 66.000 следбеници, тие беа воодушевени.

„Морам да го пробам ова, мразам пеглање“, „Дефинитивно ќе го пробам ова!“, „Ќе го пробам ова викендов. Немам време (или ентузијазам) за пеглање!“, беа дел од коментарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот