ВИДЕО: Мајк Тајсон нападна патник во авион кој го вознемирувал

Мајк Тајсон /Фото: /EPA-EFE ETIENNE LAURENT

Поранешниот боксерски шампион во тешка категорија, Мајк Тајсон во авион нападна патник кој го вознемируваше.

На видеото што се појави на социјалните мрежи се гледа како Тајсон удира човек на седиштето зад него откако претходно бил вознемируван од истиот патник Инцидентот се случил пред летот од Сан Франциско до Флорида.

Тајсон наводно почнал да го удира патникот непосредно по влегувањето во авионот откако претходно патникот го вознемирувал.

„ТМЗ“ објави дека патникот бил во алкохолизирана состојба, додека Тајсон по инцидентот веднаш се симнал од авионот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот