ВИДЕО: Мајами во финалето на Истокот, Дончиќ обезбеди „мајсторка“

Лука Дончиќ беше прв стрелец против Феникс санс/ фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Мајами се пласираа во финалето на плеј-офот на Источната конференција во НБА лигата, откако во шестиот натпревар ја совладаа Филаделфија со 99:90 и славеа во серијата со 4:2.

„Жешките“ беа предводени од Џими Батлер со 32 поени, осум скокови, четири асистенции и две блокади, додека во редовите на Сиксерси прв стрелец беше Џоел Ембид со 20 поени и 12 скокови.

Мајами во финалето на Истокот ќе игра против победникот од дуелот Милвоки – Бостон, во чија серија моментно водат Бакси со 3:2.

Во полуфиналето на Западот, играчите на Далас израмнија на 3:3 против против Феникс во шестиот натпревар.

Најзаслужен за триумфот на Маверикси беше Лука Дончиќ со 33 поени, 11 скокови, осум асистенции и четири украдени топки.

А кај Санси доминираше Деандре Ејтон со 21 поени и 11 скокови. Во второто полуфинале на Западната конференција, Голден стејт води со 3:2 против Мемфис.

НБА плеј-оф, резултати –

Филаделфија сиксерс – Мајами хитс 90:99 (2:4)
Далас маверикс – Феникс санс 113:86 (3:3)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот