ВИДЕО | Majaми со луда шутерска вечер го прегази Лејкерс, Леброн ја прекина црната низа
Екипата на Мајами Хит имаше одлична шутерска вечер во која забележа убедлива победа над Лос Анџелес Лејкерс од 41 поен разлика (134:93).
Натпреварот се очекуваше да биде еден од најинтересните од програмата изминатата вечер, меѓутоа помина во знакот на еден тим. Тимот од Флорида имаше фантастичен ефект од 24 тројки со процент на успешност од 51.1. За споредба кошаркарите на Лејкерс погодија само пет тројки во цел натпревар.
Посебно интересна беше третата четвртина во која блесна Хиро и погоди седум тројки од девет во натпреварот. Тој период Мајами го доби со 36:20, па во последниот период влезе со предност од дури 33 поени.
Не се промени сликата ниту во таа последна четвртина, па Мајами заслужено победи.
Најефикасен на средбата беше Хиро со 31 поен, додека на спротивната страна Леброн Џејмс уфрли 29, но немаше голема поддршка од соиграчите бидејќи Хачимура беше зад него со само 14 поени. Треба да се каже и дека на оваа средба Леброн успеа да ја прекине црната серија во која имаше промашено 24 обиди за три во низа.
ОСТАНАТИ РЕЗУЛТАТИ
Бостон – Детроит 130-120
Бруклин – Индијана 99-90
Филаделфија – Орландо 102-106
Милвоки – Атланта 104-119
ЛА Клиперс – Минесота 80-108