ВИДЕО: Мајами предводен од Батлер победнички го започна финалето во Источната конференција

Џими Батлер е најзаслужен за победата на Мајами/ фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Кошаркарите на Мајами хит предводени од Џими Батлер кој го одигра фантастично второ полувреме, го победија Бостон селтикс со 118:107 на стартот од финалето од плеј-офот во Источната конференција.

Мајами беше ослабен за неиграњето на Кајл Лаури, додека кај Бостон недостасуваа Ал Хорфорд и Маркус Смарт, но и покрај отсуството на клучни кошаркари, двете екипи доминираа по едно полувреме.


Бостон беше подобар тим во првиот дел кога дојде и до предност од 13 поени, но на одмор замина со плус осум.

Но, во третата четвртина, Мајами буквално „ги разнесе“ селтикси добивајќи го овој дел од играта со 39:14 и ги реши дилемите околу победникот. Неверојатна игра прикажа првата ѕвезда на Мајами, Џими Батлер со 41 поен, од кои 27 даде во вториот дел.


Освен Батлер, кај Мајами се истакнаа Тајлер Хироу со 18 поени и Гејб Винсент со 17, додека во редовите на Бостон најдобри беа Џејсон Тејтум со 29 поени и Џејлен Браун со 24 поени и 10 скока.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот