ВИДЕО: Мајами им се реваншира на Лејкерс за поразот во големото финале

epa09020330 Miami Heat forward Jimmy Butler dunks the ball for two points against the Golden State Warriors during the NBA basketball game between the Miami Heat and the Golden State Warriors, at Chase Center in San Francisco, California, USA, 17 February 2021. EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO SHUTTERSTOCK OUT

Во римејкот од големото НБА финале од минатата сезона, славеше Мајами хит со 96:94 против шампионот ЛА Лејкерс кој настапи без Ентони Дејвис и Денис Шрудер.
Кендрик Нан со 27 поени беше најпрецизен на натпреварот, а одлична помош имаше во Џими Батлер кој постигна 24 поени.

Во редовите на шампионот, Кајл Кузма постигна 23 поени, додека Леброн Џемс имаше 19 поени и по 9 скокови и асистенции, но не можеше да направи ништо за неговиот тим да го доживее третиот пораз во последните четири натпревари со што „езерцата“ паднаа на третото место во Западната конференција.
Крис Пол во победата на неговиот Феникс од 128:97 над Мемфис, успеа да го помине големиот Оскар Робертсон на вечната луста на најдобри асистенти во историјата на НБА.

Пол во победата на Феникс учествуваше со шест асистенции со кои дојде до 9.891 и го помина Робертсон на шестото место на најдобри асистенти. Далеку напред и недостижен е Џон Стоктон со 15.806 асистенции.

Резултати:
Шарлот – Голден Стејт 102:100
ЛА Лејкерс – Мајами 94:96
Чикаго – Сакраменто 122:114
Мемфис – Феникс 97:128
Портланд – Вашингтон 111:118

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот