ВИДЕО: Мајами го доби дербито со Јута, Филаделфија реди порази

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Мајами хит ја совладаа Јута џез со 111:105 како гости и тоа благодарение на одличната игра во третата четвртина.

Мајами беше подобар тим во најголем дел од натпреварот, но одлучувачката предност која му ја донесе победата ја направи во третиот дел кој го доби со 36:21 и дојдоа до 27 поени разлика (91:64). „Џезерите“ се обидоа преку Донован Мичел, Бојан Богдановиќ и Џордан Кларксон да се вратат во игра, анулираа 19 поени од негативата, но немаа сили да направат целосен пресврт.

Тајлер Хироу со 27 поени беше најдобар кај Мајами каде се истакна и Данкан Робинсон со 22 поени. Кај Јута, Богдановиќ даде 26 поени, од кои 19 во последната четвртина, а Кларксон уфрли 25 поени.

Вашингтон визард е најпријатно изненадување на почетокот од сезоната и со триумфот од 104:92 над Орландо останаа на лидерската позиција на табелата во Источната конференција. Најзабележителни во триумфот беа Спенсер Динвиди со 23 поени и 11 скокови и Монтрзел Херел со 20 поени.


Кошаркарите на Кливленд кавалирс успеаја да надоместат негатива од 19 поени и на крајот да слават над Бостон со 91:89.
Првата четвртина навести катастрофа на Кливленд биде постигна само девет поени од кои шест ги даде Дарун Гарланд кој на крајот беше херој на натпреварот. Неговите поени од линијата за слободни фрлања на 9.4 секунди до крајот му донесоа предност на Кливленд од 91:89, по што Бостон преку Денис Шрудер промаши шут за продолжение.


Индијана пејсерс на домашен терен со 118:113 ја совлада Филаделфија сиксерс и тоа благодарение на одличната игра на Џастин Холидеј (27 поени), Мајлс Тарнер (20 поени) и Домантас Сабонис (18 поени и 12 скокови). Ова беше четврти пораз по ред за Филаделфија со кој падна на шестото место на табелата во Источната конференција со скор од 8-6.


Резултати:
Јута – Мајами 105:111
Индијана – Филаделфија 118:113
Њу Орлеанс 112:101
Орландо – Вашингтон 92:104
Торонто – Детроит 121:127
Кливленд – Бостон 91:89
ЛА Клиперс – Минесота 129:102

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот