ВИДЕО | Маглешов: Обвинителството гонело сè, само не организиран криминал и корупција

Основно јавно обвинитрлство / Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Како потврда на тоа во каква состојба е Обвинителството за организиран криминал е блокираната сметка. Ова обвинителство кое работи со 350.000 евра годишно може да замислите како функционира. Обвинителството за организиран криминал во извесен период беше маша за политиката. Тоа беше и поводот и причината за формирање на специјализирано обвинителство. Кога ќе се направи пресек ќе се види дека се работело се, само не гонело организиран криминал и корупција, односно онаму каде што е моќта, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ новинарот Васко Маглешов.

-Пресекот покажува бројки кои се далеку од идеални. Будењето кое се сучува изминативе три години, со промената на власта и новиот буџет, нов кадар и нови простории, практично значи и ново раѓање, смета Маглешов и додава дека Обвинителството за организиран криминал треба се насочи повеќе кон финасиските истраги.

– Десетици пријави од финасиската полиција не завршуваат со епилог. Јас одговорно тврдам дека од 10 обвинители колку што моментално работат, дали тројца или четворица можеби и да разбираат финасиска истрага- вели Маглешов.

Целиот разговор со Маглешов погледнете го во видеото.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот