ВИДЕО | „Магија“ на Левандовски за победа на Барселона на гости кај Мајорка

Мајорка - Барселона/ 1 октомври/ EPA-EFE/CATI CLADERA

Барселона благодарение на Роберт Левандовски стигна  до победа на гостувањето кај Мајорка.

Се играше 20-тата минута од натпреварот кога Ансу Фати му асистираше на Левандовски кој постигна прекрасен гол за водство на Барселона. Овој гол на полскиот напаѓач на крајот се покажа и како одлучувачки.

По водството на Барселона  во првото полувреме не видовме некоја посериозна шанса и на двете страни. Во второто полувреме Барселона ја имаше топката во свој посед, но домаќините создаваа прилики од разни контри.

Домашната екипа создаде неколку навистина одлични шанси за гол, а посебно се издвојуваа две, сепак на крајот не успеаа да дојдат до изедначување. Треба да се спомене дека Каталонците во второто полувреме немаа ниту еден шут во рамките од голот и тоа доволно ја отсликува нивната игра во овој период.

Сепак, она што е најважно за тимот на Чави се трите бода со кои се на првото место со 19 бодови, еден повеќе од второпласираниот Реал Мадрид, но Барселона има натпревар повеќе.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот