ВИДЕО | Мадона: „23 години од песната Frozen“

youtube/printscreen
youtube/printscreen

Кралицата на поп – музиката, Мадона, ја прослави 23 годишнината од нејзиниот хит сингл „Frozen“ од 1998 година, со објавување на нова верзија на видеото, во HD резолуција. Таа неодамна го стори истото со синглот „Bedtime Story“ од 1995 година.

„23 години од песната Frozen“, напиша Мадона на својот твитер – профил.

Песната „Frozen“ се смета за еден од најголемите хитови на Мадона. Издаденa е како сингл од нејзиниот седми студиски албум „Ray of light“.

Музичките критичари ја опишаа песната како „ремек-дело“. Песната доживеа  неверојатен комерцијален успех низ целиот свет. Стана шести број еден сингл на Мадона на музичките топ листи на Билборд – ХОТ 100 во САД, и прв број еден сингл на Мадона во Велика Британија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот