ВИДЕО | Мачка со скршена нога сама отишла во болница да „побара помош“

Фото: Принтскрин - ЈуТјуб

Мачка со скршена нога сама си пронашла пат до Oдделението за итни случаи во болница во Турција, јави турската телевизија „Хабертурк“.

Мачката била снимена од безбедносните камери како влегува во болницата во градот Татван, во областа Битлис, преку влезот за итна медицинска помош. Потоа малку подзапира, па се упатува кон салата за операции. Ја забележал лекар, кој ѝ пружил помош со шиење и преврзување на ногата.

Мачето кое болничкиот персонал го именуваше „Давшо“, продолжи да ја посетува болницата, каде што, одвреме-навреме, сѐ уште добива помош.

Прочитајте повеќе:

Запознајте го ежот Благица, најслаткиот домашен миленик во Македонија

Разговор со Александра Никушевска: Нала ме научи дека нејзината раса е полна со љубов

Интервју со Габриел Стибел, меѓународен судија за кучиња и за бавно пушење пури: Хедонизмот е филозофија, не е порок

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот