ВИДЕО: Луксембург не издржа, Белгија броеше до осум, а Холанѓаните до седум!

epa09107616 Portugal's Sergio Oliveira (C) in action against Luxembourg players Livio Meier (L) and Lars Gerson (R) during the FIFA World Cup 2022 qualifying soccer match between Luxembourg and Portugal in Luxembourg, 30 March 2021. EPA-EFE/Julien Warnand

Репрезентацијата на Хрватска после поразот на стартот од квалификациите за СП од Словенија, ги консолидираше своите редови и запиша две победи во наредните два натпревари.

По триумфот над Кипар, овојпат на домашен терен „коцкестите“ во рамките од квалификациската група „Х“ на стадионот во Риека со 3:0 славеа против Малта. Стрелци на головите беа Перишиќ во 62, Модриќ од пенал во 76 минута и Брекало (90`).

Во истата група Словаците приредија изненадување со победата од 2:1 над Русија која претходно запиша шест бода.

Холандија, еден од нашите ривал на ЕП, ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Гибралтар (0:7). Депај двапати се запиша во листата на стрелците за „лалињата“, а по еднаш Бергуис, де Јонг, Вајналдум, Мален и ван де Бек.

Во групата „Г“ Турција одигра само реми со Летонија (3:3), иако водеа со 2:0 и 3:1, додека Црна Гора загуби со 0:1 од Норвешка.

Португалија во групата „А“ дојде до втората победа откако со 1:3 славеше над Луксембург. Изненадувачки домаќинот водеше со 1:0 од 30 минута, но пресвртот го направија Жота, Роналдо и Палиња.

Во групата „Е“ Белгија ја декласираше Белорусија (8:0), а Велс со погодокот на Џејмс освои три важни бодови против Чешка. На табелата води Белгија со седум бодови, пред Чесите (четири), по три имаат Велс и Белорусија, а последна е Естонија (0).

ВИДЕО: Србија успешна на патот кон СП, Митровиќ е херојот во Баку!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот