ВИДЕО | Лукаревска: Волјата на мнозинството ќе потврди дека општините и град Скопје, продолжуваат по патот на напредокот

Сања Лукаревска, потпретседател на СДСМ/ Фото: СДСМ

Штотуку го искористив своето право на глас и очекувам денешниов изборен ден да продолжи во демократска атмосфера и секој еден да биде на висина на задачата. Локалните власти се првата отворена врата за граѓаните и денеска граѓаните ќе одлучат, изјави потпретседателката на СДСМ Сања Лукаревска.

Според неа волјата на мнозинството ќе го определи развојот на секоја општина и на градот Скопје.

-Верувам дека тоа ќе биде патот по кој ќе продолжи напредокот. Очекувам дека граѓаните ќе го искористат своето право, но и обврска да излезат и да гласаат, изјави Лукаревска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот