ВИДЕО | Лукаревска: Ние од СДСМ ја имаме најдобрата понуда, затоа што имаме јасен план и визија

Сања Лукаревска и Бојан Маричиќ / Фото: СДСМ

Ова се нашите најдобри кандидати. Тие знаат како да ги развиваат општините и градот Скопје. Ние ја имаме најдобрата понуда, затоа што имаме јасен план и визија, за секое маало, за секое село, за секој град, за целата држава, порача потпретседателката на СДСМ, Соња Лукаревска од предизборниот собир во Битола на коалицијата предводена од Социјалдемократскиот сојуз на кој беа претставени кандидатите за градоначалници на претстојните Локални избори.

– Во првата изборна единица СДСМ и Коалицијата ја имаат најдобрата понуда за градоначалници на Град Скопје – Петре, на Центар – Горан, на Карпош – Душко, на Аеродром – Александар, на Кисела Вода – Филип, на Сопиште – Сашо, за Македонски Брод – Живко, ја имаме и најдобрата понуда на листи за советници во Сарај, Чаир и Студеничани, рече Лукаревска.

Таа порача дека за разлика од оваа коалиција од другата страна имаме неизвесност, уцени и закани.

– Тоа знаат да го препознаат граѓаните, знаат да ја направат таа разлика, затоа што сме фаворити во секој поглед, затоа што сме најдобри на сите анкети, затоа што на 17 октомври ќе бидеме победници. Ќе победиме во Битола и во целата држава, порача Лукаревска.

Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Попов порача дека во втората изборна единица оваа коалиција победуваме и во скопските општини.

– Во Бутел со Велимир, во Гази Баба со Борче, во Ѓорче Петров со Александар и во Шуто Оризари со Ферат. На овие избори фаворит и победник во целата држава ќе биде СДСМ и тоа го гледаме од сите анкети а и од атмосферата во сите општини, рече Попов.

Според него, победата на овие локални ќе биде потврда на сите политики на централно ниво, а граѓаните со гласот кој ќе го дадат за најдоброто за секоја општина ќе потврдат дека се за држава која што е просперитетна, модерна и европска држава.

– Граѓаните кои ќе дадат глас за нашите градоначалници и советници ќе потврдат дека сакаат да живеат во општини кои се модерни, просперитетни и кои нудат развој и иднина за граѓаните. Тоа го има СДСМ. Ние со нашиот пристап имаме принцип кој води напред, рече Попов.

Секретарот за меѓународна соработка на СДСМ, Бојан Маричиќ во обраќањето на собирот нагласи дека во втората изборна единица СДСМ со својата понуда е фаворит и сигурен победник на овие локални избори.

– Во втората изборна единица одиме на победа во Куманово со Оливер, во Арачиново со Миликие, во Старо Нагоричане со Жаклина во Чучер Сандево со Сашко, а во општина Липково одиме со најдобра понуда на советнички листи. Огромен дел од општините во нашата земја во изминатите четири години беа во рацете на кадри од СДСМ. Се работеше вредно и напорно, во целосна координираност со централната власт, рече Маричиќ.

Тој порача дека оваа силна динамика мора да продолжи и ќе продолжи и по овие локални избори.

– Само со СДСМ е сигурен развојот на општините, само со СДСМ е сигурен напредокот на државата и дома и надвор. Понудата на СДСМ е понуда за стабилни општини и сигурна држава, додаде Маричиќ.

Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски порача дека кога власта вели дека се изградени 1.040 километри патишта, 60 градинки, 80 училишта, 56 полициски станици, над 50 здравствени објекти, кога зборува за вкупната реализација на проектите над 2000 проекти се реализирани токму во овие 4 години во овие 22 општини каде што граѓаните му ја дадоа довербата на СДСМ, каде заедно ќе продолжат да работиме чесно, одговорно, посветено и да бидат вистински сервис на граѓаните.

– Победата ќе дојде од Илинден со Александар, победата ќе дојде со Бети во Петровец, победата ќе дојде во Зелениково со Борче, победата ќе дојде во Ранковце со Даниел, победата ќе дојде во Кратово со Влатко, победата ќе дојде со Драган во Пробиштип, победата ќе дојде најголема исто така од Крива Паланка со Сашко, ќе дојде и со Горан од Делчево, со Соња од Македонска Каменица, со Славчо во Пехчево, со Ѕвонко во Берово, со еден од оние кој беа оценети како најдобри кандидати од граѓаните и најдобри градоначалници Николчо во Кочани, со победа одиме во Виница со Ивица, на победа одиме со Горан во Чешиново -Облешево, за прв пат ќе победиме и во Зрновци со Виктор, ќе победиме со Ненад во Велес, ќе победиме со Аце во Лозово, ќе победиме со Саше во Свети Николе, ќе победиме со Горан во Чашка, победата ќе дојде од Штип со д-р Сашко Николов, победата ќе дојде од сите овие 22 општини со Јордан од Карбинци и ќе ја заокружиме победата со Роберт во Градско, рече Николовски.

Тој порача дека СДСМ ќе продолжи да им служи на граѓаните, и ќе продолжиме по овој пат, „по патот на развој, напредок.

– Затоа на 17 октомври да излеземе да гласаме за Најдоброто и да гласаме за бројот 12 и на 17 октомври и на 31 октомври ќе ја заокружиме новата победа на Најдоборо, новата победа на СДСМ, истакна Николовски.

Потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче истакна дека во четвртата изборна единица, СДСМ и коалицијата се силни, убедливи фаворити.

– За четвртата изборна единица ја имаме најдобрата кадровска понуда претставена преку следните кандидати: Коста за Струмица, Горан за Прилеп, Никола за Радовиш, Благојчо за Конче, Перо за Валандово, Сашко за Гевгелија, Анго за Дојран, Благојчо за Богданци, Тони за Неготино, Горан за Кавадарци, Лазар за Демир Капија, Јасмина за Могила, Љубе за Новаци, Стојан за Росоман, Зоран за Босилово, Марјан за Василево и Звонко за Ново Село. Ова е нашата понуда и тврдам дека е подобра од целата опозиција заедно. Овие луѓе се докажани професионални, секој во својата сфера на функционирање, рече Филипче.

Тој нагласи дека добар дел од овие кандидати се повторни кандидати и тоа е така поради тоа што граѓаните ја одобруваат нивната работа и ќе им дадат повторно поддршка.

– Го имате најдоброто за вас, вашето семејство, вашето маало, вашата општина. Имате можност да ги изберете најдобрите луѓе. Со гласот може да избереме заедништво, развој, многу работа, просперитет, модерни и европски општини. Тоа ќе ги победи поделбите, лажните вести и антиваксерството. Немам дилема дека на 17 октомври сите ќе го направиме вистинскиот избор. Напред во голема победа, рече Филипче.

Потпретседателката на СДСМ, Мила Царовска нагласи дека власта креираше и креира политики што носат просперитет.

– Стартуваме во победничка Битола, ИЕ 5 каде што навистина ја имаме најдобрата понуда. Луѓе од доверба, луѓе кои работат посветено и не само тоа, луѓе кои исклучиво ќе служат на граѓаните. Овде во Битола победуваме со Христо, во Охрид со Константин, во Струга со Димче, во Ресен со Живко, во Демир Хисар со Стевче, во Крушево со Томе, во Долнени со Аднан, во Вевчани со Сашо, во Маврово и Ростуша со Медат, во Кривогаштани со Николче, во Дебрца со Игор. Во Кичево, Дебар, Центар Жупа и Пласница ја имаме најдобрите кандидати за советници во овие општини, рече Царовска.

Таа порача дека Владата предводена од СДСМ направи драстични, големи промени во сите сегменти на општеството за разлика од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сето тоа го направивме отчетно, отворено, посветено и заедно со граѓаните. Ние креиравме и креираме политики кои значат просперитет и перспектива. Политики кои главни вредности кои ги имаат во себе, се слобода, еднаквост, демократија и право на избори. Денес секој од нас со гордост зборува за реконструкција на училишта, градба на градинки, нови кабинети по природни науки, дигитализација во образование и подобра детска заштита. А пред само 4 години не сакам да заборавиме дека имавме задолжени и блокирани училишта, општини. Училишта без креди и инвестиции од стиропор… Затоа сум убедена дека на 17 октомври ќе гласате за бројот 12, затоа што само така вашиот глас може да значи подобра идина за нашите деца, додаде Царовска.

Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, пак, порача дека е лесно да се зборува за шестата изборна единица, регионот кој го живее концептот на едно општество за сите.

– СДСМ излегува со понуда која сплотува и носи напредок и развој. Затоа и во Шестата изборна единица СДСМ ќе победи. Хамдија за Тетово, Мирко за Брвеница, Џезми за Врапчиште, Дарко за Јегуновце. Во општините Гостивар, Боговиње, Теарце и Желино ќе го понудиме најдоброто преку листите за советници. Ова се луѓето кои ќе донесат уште една нова голема победа на СДСМ и Коалицијата. Ова се луѓето коишто ќе покажат дека татковината се сака со дело и работа. Пред 4 години наследивме општини коишто беа заглавени со долгови, без планови за развој, опустошени. Заедно ставивме крај на режимот и тргнавме да ги консолидираме локалните самоуправи. Денеска имаме финансиски стабилни општини, општини кои сами и во соработка со централната власт реализираа капитални проекти кои го поттикнуваат економскиот раст и отвораат нови шанси и можности за сите граѓани. И затоа позитивните промени се случија насекаде низ државата и тие треба и мора да продолжат со СДСМ и коалицијата, додаде Битиќи.

Кандидатот за градоначалник на коалицијата предводена од СДСМ за Битола, Христо Кондовски истакна дека Битола ја замислувам како развиена и перспективна општина во која вреди да се живее, да се работи и создава, тука да се основа семејство, да се твори и спокојно да се старее, град полн со живот, чист и раздвижен, економски развиен, урбанистички современ, инфраструктурно обновен.

Тој нагласи дека ја има досега најдобрата локална изборна програма, која извира од реалните потреби на граѓаните и потребата за севкупен локален развој, не само на градот туку и на руралните области во општината.

– Ќе го ослободиме севкупниот општински потенцијал преку изработка на нов генерален урбанистички план како услов за економски развој и просперитет на Битола, рече Кондовски и најави изградба на подземна сообраќајница и подземна гаража во центарот на градот, модернизација и реконструкција на трите градски сообраќајни влезови во Битола и обнова на локалната индустриска сообраќајна артерија за поттикнување на локалниот индустриско-економски развој, рече Кондовски.

Тој најави дека плоштадот Гоце Делчев ќе добие нов лик, Широк Сокак ќе стане континуирана пешачка зона, Битола ќе биде велеград, ќе добие голем мултифункционален спортски центар и технолошки парк, а за најмладите целосно модернизирана и просторно проширена зоолошка градина со зголемен животински фонд за 20%.

– Битола ќе биде зелен град, со зголемени зелени градски површини за 30%, ќе ги развиеме зелените површини на Тумбе кафе и ќе никнат многу нови детски паркови, истакна Кондовски, најавивајќи сибвенции за енергетски ефикасни фасади, велосипеди, плински уреди за возила, како и за набавка на хибридни или електрични возила, а тука се вклопува и планираната гасификација и топлификација со кои ќе бидат опфатени првите индустриски капацитети и 35 јавни објекти, рече Кондовски, најавувајќи дека во Битола ќе се скија и кога нема снег, бидејќи ски центарот Ниже поле ќе добие современа опрема за заснежување и правење на вештачки снег, а ќе се заменат и трите ски лифтови со нови.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот