ВИДЕО | Лукаревска: Кривични за оние кои ќе лажираат податоци или нема да исплаќаат плата од владините мерки

Ако го следиме трендот од април, мај и јуни има околу 20.000 даночни обрврзници месечно кои аплицираат за користење на мерката за помош. Паралелно можеа да ги користат и оние безкаматни кредити од МРБ. Паралелно да комбинираат со мерка за субвенционирање на придонесот за повисоки плати, така што оставено е на секој даночен обврсник која мерка најсоодветно ќе му овозможи живот во овој период, изјави во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Лукаревска ја објасни постапката за добивање на финансиска поддршка за работодавачите, за исплата на плати во октомври, ноември и декември 2020 година. Таа посочи дека се аплицира преку системот за Е-даноци.

-Секој оној кој што ќе го злоупотреби соиистемот, односно државната помош или пак оние што ќе исплатат помал дел ќе подлежат на кривична одговорност. Со Државниот инспекторат ќе спороведуваме контроли и секако дека сите оние пријави кои вработенит анонимно ни ги доставуваат претставува алатка кој е од голема помош, вели Лукаревска и додаде дека за 340 компании има посебен предмет во ЈО за злоупотреба на мерката.

-Самото ново барање има одредени прашања и критериуми која секоја компанија треба да ги детектира и врз основа на тоа ние ќе му вратиме дали тоа барање е комплетно или не. За секое лажирање на податоците во тоа барање постои кривична одговорност. На крајот од денот секоја од овие компании ќе треба да достави завршна сметка, даночни биланси и кога ќе се направи споредување на тие податоци ќе се види дали имало лажирање или пак биле дадени точни податоци, изјави Лукаревска.

На прашањето за колку време фирмите, односно за колку време газдите треба да ги исплатат легнатите приходи како плати од владините мерки, Лукаревска изјави дека целиот износ, за конкретниот месец треба да биде исплатен веднаш.

-Има одредени критериуми каде ќе треба да се направи враќање на финансиската помош на три еднакви рати – ако остварат соодветна добивка или ако исплатат соодветна дивиденда. Значи и за земањето на овие субвенции постојат одредени критериуми како што постојат критериуми за враќање на финсиската помош, рече Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот