ВИДЕО | Лукаревска: До 4 октомври 5713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14 829 вработени

Сања Лукаревска
Сања Лукаревска / Фото: Скриншот, Јутјуб

Годинава, заклучно со 4 октомври, 5713 обврзници немаат исплатено плати на вкупно 14 829 вработени, информира директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска.

– До сите овие обврзници се доставени опомени и согласно нашиот календар на активности – денеска или првиот работен ден по празникот, ќе треба да бидат доставени и блокади, рече Лукаревска во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Таа посочи дека е спроведена присилна наплата кај сите компании што ја злоупотребија државната помош кои, како што рече, беа објавени јавно и транспарентно од страна на Генералниот секретаријат на Владата, бидејќи тие беа исплатувачи на средствата од финансиската помош за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19.

Во периодот од јануари до август годинава, прецизира Лукаревска, УЈП извршила 1.876 контроли на даноци или придонеси.

– Со констатирани неправилности се 836 контроли при што е утврден наод од 986 303 440 денари. Од нив 1211 се по основ на ДДВ, со утврден вкупен наод од 671 459 919 денари, 300 контроли по основ на персонален данок на доход, односно данок на личен доход при што во 77 проценти од вкупниот број на контроли се утврдени неправилности во вкупен износ од 189 079 281 денар и 365 контроли по основ на данокот на добивка при кои се констатирани неправилности кај 44 проценти од контролите со утврден наод во вкупен износ од 125 761 240 денари, односно речиси една милијарда денари од сите контроли, потенцира Лукаревска.

За издавање и не издавање фискални сметки на територијата на целата држава, како што кажа, во првите осум месеци од годинава извршени се 1729 контроли по однос на Законот за регистрирање готовински плаќања од кои 1266 биле со констатирани неправилности, а 463 без неправилност.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот