ВИДЕО: Лукаку го води Интер кон Скудетото!

epa09114647 Inter's players celebrate winning the Italian Serie A soccer match Bologna FC vs FC Inter Milan at Renato Dall'Ara stadium, Bologna, Italy, 03 April 2021. EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Фудбалерите на Интер ја совладаа Болоња како гости со 0:1 во последниот натпревар од 29 коло во Серија А.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Ромелу Лукаку на стадионот „Ренато Дал`Ара“. Белгиецот од вториот обид успеа да го совлада Равалја, кој го одбрани првиот удар. Во продолжение, на Белгиецот не му беше тешко да ја смести топката во мрежата.

Со овој триумф „неро-аѕурите“ уште еднаш ги искористија грешките на најголемите ривали, Милан и Јувентус и со тоа се доближија уште повеќе до титулата.

Тие имаат 12 бода повеќе од „Старата дама“, осум повеќе од нивниот градски ривал, но и еден натпревар помалку.

Јуве одигра само реми во градското дерби против Торино (2:2), за „биковите“ двата гола беа дело на Санабриа, а на спротивната страна стрелаа Киеза и Роналдо.

ВИДЕО: Елмас асистираше за триумф на Наполи, без минутажа за Несторовски!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот