Лукаку до Златан: Ќе ти пукам во глава!

Фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Страстите не се смируваат по судирот меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку во вторникот вечерта на четвртфиналниот дуел помеѓу Интер и Милан во Купот на Италија.

Зборовите кои ги разменија на крајот на првото полувреме сè уште се „дешифрираат“, а по навредите на Швеѓанецот, сега ги добивме тешките зборови кои ги изговори Белгиецот.

Златан како и секогаш незгоден знаел и во минатото да влегува во конфликти , така и сега навредувајќи го Лукаку: Ти мало ср*ње! А со истите зборови возвраќаше и Белгиецот.

– Ти се е*ано сра*е! Ќе ти плеснам во е*аното лице – рече Лукаку.

– Прави го твоето вуду сра*е! Повикај ја мајка ти, ајде, ајде јави ѝ се, оди прави го твоето вуду сра*е! Ти мало магаре! – беа зборовите на Ибра.

Главниот судија кој се обидуваше да ја смири тензичната ситуација, реагираше така што двајцата играчи заработија жолти картони. Белгиецот го повикуваше Швеѓанецот на борба во тунелот.

– Сакаш да зборуваш за мајка ми, ку*кин син? Ќе ти пукам во главата!” – се закани Лукаку при напуштањето на теренот, и оваа ТВ снимка како доказ може да биде сериозна казна за Белгиецот, но се очекува да биде казнет и Ибрахимовиќ.

ВИДЕО: Жешко е на „Дерби дела Мадонина“: Ибрахимовиќ и Лукаку во клинч

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот