ВИДЕО: Лука Дончиќ како Џордан и Леброн, 53 поени во победата над Детроит

фото: EPA-EFE/Jose Mendez

Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ блескаше во победата на Далас над Детроит од 111:105 во рамките од НБА лигата.

Дончиќ пред неколку дена за време на мечот против Феникс се здоби со повреда на зглобот, а најпрво се чинеше дека извесно време нема да го видиме на теренот. Но, тој успеа да се опорави и да се врати во голем стил.

Феноменалниот ас на Далас одигра меч од соништата. За 36 минути игра постигна дури 53 поени (17/24 шут од поле, 5/11 за тројки), забележа осум скока и пет асистенции. Покрај Дончиќ, единствен со двоцифрен учинок во победничкиот тим беше Динвиди со 12 поени.

Во поразениот тим се истакна Хрватот Бојан Богдановиќ со 29 поени, додека Садик Беј постигна 18.

Ова беше четврти натпревар во сезоната каде Лука постигна 50+ поени. Исто така, словенечкиот репрезентативец сега има пет натпревари од 50+ во НБА кариерата. Само Леброн Џејмс и Мајкл Џордан успеаја да постигнат ваков учинок во првите пет сезони од нивната НБА кариера.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот