ВИДЕО: Луда прослава на титулата во Италија: Голи гради и убиство

EPA-EFE/WALTER BIERI

Англиските фанови беа во главната улога пред финалето на Евро 2020, а по него главниот збор го имаа Италијанците кои знаеја како да ја прослават титулата.

Веднаш по победата над Англија во финалето на ЕП, навивачите излегоа на улиците низ сите градови во Италија и имаше што да се види. Не се знаеше кој лудуваше повеќе, мажите низ чии вени сигурно течеа литри алкохол или девојките кои славеа полуголи, односно ги покажуваа градите.

Но, освен прослава и радост за освоената титулата, имаше и трагични случаи. Во близина на Фоџа имаше и убиство. Убиен е 42-годишен навивач кој додека ја славел титулата бил застрелан од лица кои се возеле на скутер, а повреден е и шестгодишниот внук на убиениот навивач.
Еден навивач загина во сообраќајна несреќа во Сицилија, додека друг е пронајден удавен во Венеција. .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот