ВИДЕО: Љубовта не познава бариери, младиот Фуркан играше фудбал со Јаховиќ!

Фото: twitter.com/Antalyaspor

Македонскиот интернационалец кој моментно ги брани боите на турскиот клуб Анталијаспор, Адис Јаховиќ се дружеше со еден негов голем фан со Даунов синдром, Фуркан Тез, на Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби.

На Тренинг центарот „Атила Вехби“, нашиот поранешен репрезентативец и Фуркан истрчаа на теренот и заедно играа фудбал.

Позираа, се прегрнаа, а Фуркан воедно доби дрес, шорцеви од македонскиот напаѓач. Исто така ги посети клупските простории, имаше незаборавни моменти со нашиот играч.

– Ти стана како фудбалер, подготвен си за натпревар – беа зборовите на Јаховиќ упатени кон младиот Фуркан.

Јаховиќ (33) претходно во кариерата ги бранеше боите на Сараево, Вил, Цирих, Ворскла, Крилја Совјетов, Гезтепе, Коњаспор и Јени Малатјаспор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот