ВИДЕО | ЛШ: Втор пораз за Динамо, Адеми одигра 90 минути, Ристовски остана на клупата

Фото: Ред Бул Салзбург/Тwitter

Во терминот од 18:45 часот во Лигата на шампионите вообичаено се одиграа два натпревари.

Динамо Загреб на нашите Стефан Ристовски и Аријан Адеми го претрпе вториот пораз, Салзбург на домашен терен беше подабр од хрватскиот гигант (1:0). Клучниот момент на натпреварот се случи на 20 минути до крајот на натпреварот кога Окафор беше сигурен реализатор на најстрогата казна.

Иако беше само 1:0, Салзбург заслужено дојде до трите бода. Динамо сепак имаше голема прилика да дојде до бод кога Дрмиќ во самата завршница погоди со глава, но неговиот гол беше поништен поради офсајд ситуација.

Аријан Адеми ги одигра комплетните 90 минути, додека Стефан Ристовски на оваа средба остана на клупата за резерви. Во претходните две кола Динамо запиша по една победа (Челзи) и еден пораз (Милан).

Во вториот натпревар кој се играше во истиот термин, Лајпциг беше сигурен против Селтик на домашен терен. Шкотскиот тим во Германија беше поразен со 3:1. Андре Силва постигна два гола, а Нкунку еден, Жота стрелаше за Селтик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот