ВИДЕО: Лозано и другарите од „Дајте музика“ имаат нова песна!

промо

Ако на нашите радиостаници го слушнавте последниот хит на Влатко Лозаноски – Лозано, тогаш сигурно знаете за неговата соработка со детскиот серијал „Дајте музика“.

Песната „Другар“ е веќе хит на радиостаниците и на каналот Јутуб. Весела, разиграна и забавна, песната „Другар“ највеќе од сѐ допре до децата. Во година на пандемија, во време кога сите деца посетуваат онлајн настава, детскиот серијал „Дајте музика“ им влеа надеж на сите деца за подобра иднина, а песната „Другар“ нѐ потсети на едно безгрижно детство полно со авантури и забава.

Лозано одлично се вклопи во концептот на „Дајте музика“ за една нова модерна генерација на детски идоли кои ги почитуваат вистинските вредности: добро однесување, здрави навики, искреност, одговорност, вистинско другарство и емпатија.

Лозано е еден од најмоќните вокали кај нас, а за него беше предизвик да се појави заедно со децата и зад себе да остави хит кој уште многу генерации ќе го пеат.

Како и за претходните песни на Лозано, така и за оваа како автори се потпишуваат, тандемот Лазар и Ена Цветковски.

Погледнете го спотот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот