ВИДЕО: Лошото време им ја отежна потрагата по масовната гробница на косовските форензичари за која сведочел македонски војник

Од средата наутро, косовските форензички екипи заминаа во селото Станај во Гњилане, кое се наоѓа на границата со Северна Македонија, во потрага по остатоци од исчезнати лица од неодамнешната војна на Косово.

Сепак поради лошото време форензичарите не ги пронајдоа телата на неколкумина убиени Албанци за чија ликвидација сведочел припадник на македонската армија.

„Врз основа на информациите што ги имаме од обвинителството, постои сомневање дека на оваа локација српската армија за време на војната истоварила некои црни кеси. Овие тврдења се засноваат на сведочењето на македонски војник кој го видел инцидентот додека стоел на граничната линија бидејќи ова е пограничната област. Македонскиот војник инаку беше од албанска националност“, изјави судскиот вештак Дитор Халити за косовските медиуми.

Сепак, и покрај неколкучасовните ископувања, Халити вели дека не успеале да пронајдат посмртни остатоци.

Куштрим Гара од Комисијата за исчезнати лица вели дека поради лошите временски услови, потрагата може да биде запрена.

„Поради лошите временски услови, потрагата може да биде запрена, но колку што е можно, сите информации ќе бидат адресирани“, рече Куштрим Гара.

Покрај селото Станај, беа започнати и ископувања во Кижевак, Србија каде што беа пронајдени посмртни остатоци од три лица. Директорот на косовскиот институт за судска медицина, Арсим Грџалиу, замина таму утрото.

„Се појавија посмртни остатоци. Коските почнаа да се појавуваат. Во моментот по напуштањето на земјиштето можеме да кажеме дека се работи за приближно три лица. Соработката е коректна. Тоа е исто така дел од меморандумот, кој го почитуваме кога ќе наидеме на слични случаи кога има лица од српска националност“, изјави Арсим Грџалиу.

Тој појасни дека останатиот дел од професионалната анализа за оние остатоци што беа пронајдени ќе се изврши во шаторот, во просторијата за обдукција каде ќе се земат ДНК примероци.

Владината комисија за исчезнати лица ги посети гробиштата во Северна Митровица, каде пред неколку дена имаше ископувања за пронаоѓање на смртните остатоци на исчезнатите од војната во Косово.

Ископувања се вршат и во околината на Ораховец.

 

Откриена масовна гробница кај Рашка, Србија со петнаесет до седумнаесет тела

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот