ВИДЕО | Локализиран пожарот во Ѓорче Петров, очевидци вознемирено сведочеа за големиот пламен

Пожар во Ѓорче Петров/Слободен печат

Пожарникарите го изгасија пожарот во Ѓорче Петров, кој претпладнево изби во близина на Домот на културата. Полициски и противпожарни екипи со брза реакција излегоа веднаш на самото место.

Според МВР пожарот е пријавен во 10.41 часот, откако првично избувнал во казино. Додека траеше гаснењето на пожарот, сообраќајот на главната улица „Ѓорче Петров“ се пренасочуваше кај околните сообраќајници.

Претходно, градоначалникот на општината Александар Стојкоски информираше дека нема човечки жртви во пожарот.

На опожареното местото беа присутни и очевидци од околината, кои пред камерата на „Сободен печат“ сведочеа за опожарените објекти.

– Најпрвин видовме пламен, а потоа веднаш побаравме помош од надлежните. Противпожарната единица реагираше брзо, а дел од вработените во деловните објекти беа веднаш евакуирани, изјави еден од анкетираните граѓани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот