ВИДЕО: Локацијата го одзема здивот, 180.000 евра за билет за борбата на Мејведер

Флојд Мејведер во Дубаи ќе се бори против Дон Мур/Фото: EPA-EFE/KIYOSHI OTA

Познатиот американски боксер Флојд Мејведер ќе одржи нова борба на локација која го одзема здивот, а на неа ќе присуствуваат само 20 гледачи кои ќе имаат доволно среќа и пари да обезбедат билет.

Спектаклот во Дубаи е закажан за 14 мај 2022 година, а ривалите Флојд Маведер и Дон Мур ќе се борат во рамките од „Global Titan Fight Series“.

Локацијата е хелиодромот на врвот на хотелот Бурџ Ал Араб во Дубаи, каде што ќе можат да присуствуваат само 20 гледачи.

Звучи неверојатно што еден од тие 20 билети чини околу 180.000 евра. Уште поинтересно е што може да се купат само преку дигитални валути, а половина од нив се веќе продадени.

Приходот од три милиони фунти е загарантиран, а настанот ќе се прикажува преку системот pay-per-view за 18 евра.

Противник на Мејведер е неговиот поранешен спаринг партнер и добар пријател. Дон Мур (42) боксуваше професионално од 1999 до 2016 година со сооднос 18-0-1 (12 со нокаут).

Од друга страна, последниот меч на Мејведер исто така беше егзибициски, борбата против Јутјуберот Џејк Пол што се одржа минатиот јуни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот