ВИДЕО: Ливерпул со пресврт, Челси во финишот го урна Кристал палас

„Црвените“ од Енфилд ја забележаа 17 победа во Премиер лигата/Ливерпул, Велика Британија/19 февруари 2022/Фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Се одиграа седум натпревари од 26 коло во Премиер лигата, составот на Ливерпул ја оправда фаворитската улога на домашен терен против Норич (3:1).

Гостите први беа во водство со голот на Рашица во 48 минута, но „црвените“ на Енфилд направија целосен пресврт во понатамошниот период.

Израмни Мане во 64 минута, 180 секунди подоцна позитива донесе Салах, а конечниот епилог го постави Дијаз во 81 минута, негов прв погодок во дресот на Ливерпул.

Челси во финишот дојде до бодовите во градското дерби против Кристал Палас, а единствениот гол за лондонските „сини“ го реализираше Зијеш во 89 минута.

Премиер лига, 26. коло:

Сабота:

Вест Хем – Њукасл 1:1
Арсенал – Брентфорд 2:0
Астон Вила – Вотфорд 0:1
Брајтон – Барнли 0:3
Кристал Палас – Челси 0:1
Ливерпул – Норич 3:1
Саутемптон – Евертон 2:0
Манчестер сити – Тотенхем (18.30 часот)

Недела:

Лидс – Манчестер јунајтед
Вулверхемптон – Лестер

Табела:

1. Манчестер сити 63 бодови
2. Ливерпул 57
3. Челси 50
4. Манчестер јунајтед 43
5. Вест Хем 42
6. Арсенал 42
7. Вулверхемптон 37
8. Тотенхем 36
9. Брајтон 33
10. Саутемптон 32
11. Лестер 27
12. Астон Вила 27
13. Кристал Палас 26
14. Брентфорд 24
15. Лидс 23
16. Евертон 22
17. Њукасл 22
18. Вотфорд 18
19. Норич 17
20. Барнли 17

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот