ВИДЕО: Ливерпул со фудбалер помалку избегна пораз на „Енфилд“

Луис Диас им донесе бод на „црвените“ против Кристал Палас/Фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Во последниот натпревар од второто коло на Премиер лигата, Ливерпул и Кристал Палас ремизираа 1:1 (0:1). Ваквиот исход секако е изненадување, бидејќи „црвените“ беа големи фаворити на домашен терен, но со оглед на развојот на настаните, Јирген Клоп би можел да се задоволи со ремито.

Патрик Виеира одлично ја постави тактиката на Кристал Палас, кој поведе од 32 минута. Тогаш Вилфрид Заха се најде во одлична шанса, која ја искористи со убав удар во долниот десен агол од голот на Алисон Бекер.

Ливерпул потоа напаѓаше за израмнување до кое успеа да дојде, но претходно остана со еден играч помалку поради црвениот картон на Дарвин Нуњез во 57 минута.

Уругваецот доби директно исклучување, а потоа уште повеќе им ја отежна ситуацијата на соиграчите.

Но, само четири минути подоцна Луис Диас одлично се снајде и погоди од работ на шеснаесетникот за 1:1.

Екипата на Јирген Клоп напаѓаше до самиот крај за пресврт, но Палас успеа да се одбрани и да си замине со голем бод од „Енфилд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот