ВИДЕО: Ливерпул победи во дербито со Манчестер сити и направи голем чекор кон титулата

Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Екипата на Ливерпул славеше победа од 2:0 во дербито на 13. коло во Премиер лигата.

По само 12 минути Коди Гакпо го доведе домашниот тим во предност и тоа откако неколку минути претходно Ван Дајк ја погоди стативата.

Доминираше Ливерпуил и создаваше прилики, додека гостите ретко ја поминуваа средината на теренот. Сепак и покрај големиот број прилики на пауза избраниците на Арне Слот имаа само еден гол предност.

Како што заврши првото полувреме, така продолжи второто, се редеа шанси пред голот на Едерсон, но конечните 2:0 ги постави Салах со гол од пенал во 78. минути.

По овој триум Ливерпул со 35 бода на табелата има девет бода повеќе од Арсенал и Челси и дури 11 од Манчестер Сити 9 Брајтон. Манчестер сити од друга страна и седми натпревар во низа во сите натпреварувања остана без победа, а посебно „граѓаните“ треба да ги загрижува тоа што во тие седум натпревари имаат шест порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот