ВИДЕО: Ливерпул не го искористи киксот на Тотенхем!

Египќанецот има важечки договор со Ливерпул до 30 јуни 2023 година/Фото: EPA-EFE/Mike Hewitt/POOL

Ливерпул ги разочара своите фанови играјќи реми против Фулам на гостински терен со резултат 1:1 во 12 коло од Премиер лигата.

После првото полувреме водеа домаќините со голот на Рид во 25 минута кој со еден прекрасен удар ја испрати топката во мрежата на Алисон за голема радост кај фановите кои полека, но сигурно се враќаат на трибините.

Редси успеаја само да дојдат до бод во Лондон, во вториот дел Салах беше прецизен од белата точка во 79 минута, откако претходно Камара играше со рака во казнетиот простор.

На табелата Тотенхем кој иако денеска одигра само нерешено (1:1) кај Кристал Палас останува на врвот со 25 бодови, колку што има и второпласираниот Ливерпул, но „црвените“ имаат послаба гол-разлика.

А во наредното коло токму овие две екипи, Ливерпул и Тотенхем, ќе ги одмерат силите на „Енфилд“ на 16 декември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот