ВИДЕО: Ливерпул на колена, Лестер за шест минути ги казни грешките на „црвените“
Во првиот натпревар од 24. коло во Премиер лигата, дерби пресметката помеѓу Лестер и Ливерпул заврши со триумф од 3:1 на „лисиците“ кои трите гола ги постигнаа за само шест минути.
Со победата над Ливерпул кој речиси уште сега може да се прости од титулата, Лестер изби на второто место со 46. бода, четири помалку од лидерот Манчестер сити кој пак има и два натревари помалку.
Од друга страна, Ливерпулкој го забележа третиот пораз по ред, остана на четвртото место со 40 бодови, но со изгледни шанси да падне некое место подоле доколку Челси и Вест Хем слават овој викенд.
Ливерпул кој подобро го започна натпреварот и доминираше во првиот дел, поведе со голот на Мохамед Салах во 67. минута, но Лестер возврати со блиц-криг, три гола за шест минути.
Прво во 79. минута Медисон израмни на 1:1, а две минути подоцна Џејми Варди ја искористи кардиналната грешка на голманот Алисон. Конечниот резултат го постави Барнс во 85. минута.