ВИДЕО: Ливерпул им се врати на победите во Премиер лигата!

Вечерва на стадионот „Енфилд“ екипата на Ливерпул ја оправда фаворитската улога против Шефилд јунајтед (2:1) во шестото коло од најсилното англиско првенство.

Гостите дојдоа први во водство со голот на Берге од пенал во 13 минута, иако беше сомнително за играчите на Клоп дали навистина прекршокот на Фабињо беше направен во казнетиот простор.

Непосредно пред паузата израмнија домаќините, голманот на Шефилд јунајтед Ремздејл го одбрани ударот на Садио Мане, но одбиената топка дојде до Фирмино на кој не му тешко да се запише во листата на стрелците.

Трите бода за „црвените“ во второто полувреме ги донесе Жота во 64 минута, претходно прекрасно центрираше Мане, а највисоко скокна португалскиот интернационалец кој со глава ја испрати топката во противничката мрежа.

Прочитајте и...  НБА: Казинс една година во дресот на Хјустон рокетс!

После поразот од Астон Вила и ремито со Евертон, Ливерпул скокна на делба на првата позиција на табелата со 13 бодови, колку што има и Евертон, но „карамелите“ својот меч ќе го имаат в недела на гости кај Саутемптон.

ВИДЕО: Не помага ни Кавани, Челси издржа во дербито на „Олд Трафорд“!

Поврзани вести

ЛШ: Челси и Севиља во осминафиналето (ВИДЕО)

Слободен печат

И Адебајо ќе добие максимален договор

Слободен печат

Елмас и соиграчите во Наполи четири месеци не земале плата

Слободен печат

Се налутил бидејќи не седел на омиленото место во автобус и клубот го исфрли од тимот за ЛШ

Слободен печат

Планот на Фонт: Меси да остане, Гвардиола да дојде во Барселона

Слободен печат

ФОТО: Кошаркарите го одработија првиот тренинг во Талин

Слободен печат

Остави Коментар