ВИДЕО: Ливерпул го разби Арсенал во Лондон, повторно во игра за ЛШ!
Денеска во последниот натпревар од саботната програма на 30 коло во Премиер лигата составот на Ливерпул со убедливи 0:3 славеше на „Емирати“ стадионот против Арсенал. Играчите на Јирген Клоп сега заостануваат само два бода помалку од четвртопласираниот Челси и седум бода од третопласираниот Лестер.
Гостите беа предводени од Жота кој погоди со глава по асистенцијата на Александр-Арнолд. Три минути подоцна Салах ја искористи несигурноста на одбраната на Арсенал и го зголеми водството. Конечните 3:0 беа поставени со новиот погодок на Жота во 82 минута.
Ова беше само трета победа на Ливерпул оваа година, но и нивна втора на последните три натпревари. По овој пораз, Арсенал е на огромни седум бода од позициите кои водат кон Европа.
Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски го одигра целиот меч за Лидс кој славеше над Шефилд јунајтед (2:1).
Манчестер сити беше подобар од Лестер (0:2) и сега на „граѓаните“ им недостасуваат уште само 11 бодови за да ја осигураат титулата. Табела: Манчестер сити 74 бодови, Манчестер јунајтед 57, Лестер 56, Челси 51, Ливерпул 49…