Сите се израдуваме на вчерашниот снег – и мали и големи, а секако тоа беше повод за игра и прошетка низ снежната прекривка во главниот град.
Нашата позната водителка Лила Филиповска беше една од нив. Таа искрено му се израдува на првиот снег за оваа зима, но не беше подготвена со зимска облека и храбро излезе по кратко фустанче и летни сандали.
На нејзиниот инстаграм – профил сподели кратко видео на кое се гледаат нејзините сандали додека снегулките паѓаат, а под објавата напиша -„Конечно“.
Веројатно Лила го искористила моментот на кратко да го напушти снимањето на квизот „Сѐ или нешто“ за да ужива во првиот снег годинава.
Пред неколку дена Лила сподели видео на кое се гледа како паѓа снег, но за жал на нејзините љубопитни фанови кои ја прашуваа за дестинацијата не им поткри каде се наоѓа.