ВИДЕО: Лил е најголемата европска сензација, не беше ни во топ 3 фаворити!

epa09224335 Lille OSC players celebrate winning the French Ligue 1 soccer match between Angers SCO and Lille OSC and taking the Ligue 1 champion title, in Angers, France, 23 May 2021. EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Фудбалерите на Лил приредија големо изненадување, освојувајќи ја шампионската титула во француската „Лига 1“..

Составот на Галтие славеше на гостувањето кај Анжер со 1:2, а најголемиот конкурент ПСЖ беше успешен кај Брест (0:2). На конечната табела Лил ја освои првата позиција со 83 бодови, еден повеќе од второпласираниот ПСЖ, а на третата позиција заврши Монако (78).

Пред почетокот на сезоната во најсилното француско првенство Лил според обложувалниците беше четврти фаворит за освојување на титулата со квота 51,00, а истата ја имаа уште Монако и Рен.

ПСЖ дефинитивно можеби се очекуваше и сезонава да ја продолжи доминацијата во шампионатот, со најниска квота (1,10), пред Лион (26,00) и Марсеј (31,00).

Но, повторно запре доминацијата на париските „светци“ кои во последните девет години вкупно седумпати беа шампиони на Франција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот