ВИДЕО: Лига купот ќе има нов шампион, елиминиран Манчестер сити

„Чеканите“ на пенали беа подобри од „граѓаните“ во Лига купот/Лондон, Велика Британија/27 октомври 2021/Фото: EPA-EFE/Facundo Arrizabalaga

Вечерва се дознаа сите патници во четвртфиналето на англискиот Лига куп кој сезонава ќе добие нов освојувач на трофејот.

Манчестер сити кој лани триумфираше во Лига купот денеска ги разочара навивачите со поразот од Вест хем во Лондон после пенал серијата.

Немаше голови во регуларни 90 минути, а „чеканите“ беа подобри пеналџии славејќи со конечни 5:3. Кај „граѓаните“ Фоден не го реализираше својот пенал.

Тотенхем со 0:1 беше подобар од Барнли со голот на Лукас, Лестер на пенали го елиминираше Брајтон, Брентфорд со 1:2 го совлада Стоук, а Ливерпул со погодоците Минамино и Орижи го исфрли Престон.

Жрепката за четвртфиналните двојки во ова натпреварување ќе се одржи на 30 октомври. Четвртфиналисти се Арсенал, Брентфорд, Челси, Лестер сити, Ливерпул, Сандерленд, Тотенхем и Вест хем.