ВИДЕО: Лидс никако да победи, само бод против Њукасл

Лидс ја прекина негативната серија на порази во Премиер лигата/Фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

И во петтото коло од новата сезона во Премиер лигата, играчите на Марсело Биелса не успеаја да дојдат до сите три бода, откако вечерва на стадионот „Ст. Џејмс Парк“ ремизираше со Њукасл (1:1).

Во 13 минута Лидс успеа да дојде до предност со погодокот на Рафиња после асистенцијата на Бамфорд.

Израмнувањето се случи пред крајот на првото полувреме (44`) кога Сент-Максимин ја затресе мрежата на Мелие.

Лидс во генералниот пласман моментно е на 16 место со три бода, додека еден бод помалку има Њукасл.

Следен ривал на клубот од „Еланд роуд“ е составот на Вест Хем кој пак досега не знае за пораз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот