Македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски имаше одлична партија во големата победа на неговиот Лидс од 0:1 на гостувањето кај Евертон во 10. коло од Премиер лигата.
Алиоски го одигра целиот натпревар и беше еден од најдобрите фудбалери на теренот, фантастично извршувајќи ги задачите дадени од тренерот Марсело Биела. Македонскиот репрезентативец во финишот имаше шанса да ја завери победата со гол, но неговиот шут заврши покрај голот на Пикфорд.
Голот вреден три бода за Лидс го постигна Рафиња во 79. минута.
Со новите три бода Лидс дојде до 14 бода со кои се наоѓа на делба од деветтото до 12. место на табелата.
Raphinha what a goal for Leeds.👌🏽 pic.twitter.com/9owSiVV11N
— DeShaun (@DeshaunTalks) November 28, 2020